МЖСПП ги проверува информациите дека кубен метар дрва се продава за 50 проценти повисока цена од пазарната
Според регулативата на ЈП „Национални шуми“ цената за еден кубен метар дрва за огрев е 3000 денари, но во последниот период, откако граѓаните почнаа да набавуваат дрва за греење на домовите во зимскиот период, се проширија информации дека тие плаќаат најмалку 50 проценти повисока цена од предвидената, односно над 4500 денари за кубен метар.
На денешниот брифинг, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, наведе дека, откако дознал за ова, на минатата владина седница алармирал за проблемот и, како што нагласи, очекува утре да добие информација од Пазарниот инспекторат и од Државниот инспекторат за шумарство и ловство.
– Ние ја отворивме оваа тема на минатата владина седница. Во правилникот пишува 3000 денари. Зошто се продава со вакви цени во приватниот сектор очекуваме да добиеме информација од Инспекторатот, посочи министерот.
Нуредини исто времено упати апел граѓаните да престаната со нелегалната сеча на шумите.
Ново на Сител
-
СДСМ: Неспособни расипници, ВМРО-ДПМНЕ прави 16 милиони евра долг во 4 општини
-
Австралија ја менува банкнотата од пет долари со ликот на покојната кралица Елизабета
-
Петмина загинати во пожар на Крим
-
Се уште траат разговорите за проширување на владината коалиција, опозицијата ги окарактеризира како естрада
-
Во Скопје санкционирани 172 возачи
-
ВМРО-ДПМНЕ: Криминалот на Ковачевски и Ахмети ја направија Македонија најкорумпирана земја
-
САД немаат непријателски намери кон Северна Кореја
-
Кириленко: Две лица погинаа во руски ракетен напад врз станбена зграда во Краматорск