Македонија
19. November 2015 - 14:37

МЖ Инфраструктура: Исклизнат вагон од товарен воз кај Демир Капија

Вагон од утринскиот товарен воз кој се движел на релација Гевгелија-Скопје во 8 часот и 31 минута исклизна на излез од тунелот кај Демир Капија на отворена пруга, при што се оштетени  дел од колосеците, сигналите и вагонoт, соопштува Јавното претпријатие Македонски железници Инфраструктура.

Од МЖ Инфраструктура напоменуваат дека станува збор за исклизнување на вагон, а не излетување на воз.

Комисија за увид и расчистување на настанот е на терен при што ќе ги утврди причините поради кои се случил инцидентот.

- Екипите за одржување на ЈП Македонски железници Инфраструктура веднаш излегоа на местото на настанот и се преземаат ургентни мерки согласно ваквите случаи кои се карактеристични во железничкиот сообраќај, со цел да се ослободи пругата за сообраќај, се вели во соопштението од ЈП Македонски железници.