МЗ: Во болницата во Дебар има епидемиолог и двајца инфектолози од Скопје
Не е точна информацијата која излезе во дел од медиумите дека нема епидемиолог во дебарската болница. Во болницата во Дебар има епидемиолог и двајца инфектолози од Скопје, кои дојдоа во поддршка на локалните здравствени работници, информираат од Министерството за здравство.
Оттаму посочуваат дека во моментов нема дефицит на персонал во болницата.
-Министерството за здравство е во постојана комуникација со болницата во Дебар и доколку се појави недостаток на лекари или персонал – итно ќе биде испратен од околните болници или од клиниките во Скопје, се наведува во соопштението.
Од Министерството за здравство апелираат да не се шират дезинформации и јавноста да се информира исклучиво од релевантните институции и посочуваат дека Министерството е на располагање за одговор на секое прашање во кое било време.
Ново на Сител
-
Уапсена 37-годишна гостиварчанка, се обидела да помине граница со возило барано од Интерпол
-
Дмитриев: Можен напредок во руско-американските економски односи во наредните месеци
-
Германија ја оцени ситуацијата во Србија како „загрижувачка“, Белград ги отфрла обвинувањата
-
Од четврток утрински температури до -13 степени
-
Еден ранет во нов оружен инцидент во бриселската населба Андерлехт
-
Обвинителката Крстевска Цалева поднела барање да биде ослободена од функцијата шефица на Вишото јавно обвинителство Скопје
-
Песков: Нема да ја спречуваме Украина да влезе во ЕУ
-
Вулин и Шојгу: Зајакнување на соработката против „обоени револуции“