МЗ: Владата води вистинска грижа за пациентите и за вработените
Со последната прес-конференција политичката партија ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа основно непознавање на позитивните законски прописи во Република Северна Македонија. Во врска со денешната прес-конференција, го потенцираме следното:
– Оваа Влада води вистинска грижа за пациентите и ја почна постапката за јавна набавка за изградба на нов Универзитетски Клинички центар, за пациентите да добијат достоинствени услови за престој во болница, како и вработените да имаат најдобри и современи услови за работа.
– За изградбата на нов Универзитетски Клинички центар не е распишан “тендер”, туку постапка со Конкурентен дијалог согласно Законот за јавните набавки. Истата е објавена на почеток на месец август и во оваа фаза на дијалогот проектот предизвикува огромен интерес од голем број реномирани домашни и светски компании. Сосема е разбирливо и очекувано, а самото име кажува, дека при постапка со конкурентен дијалог, поставување на прашања за дообјаснување е потребно да ги има во поголем број. Сите прашања од економските оператори се добредојдени и одговорени. Конкурентниот дијалог се води јавно и транспарентно преку Електронскиот систем за јавни набавки, каде комплетната документација е достапна.
– ВМРО-ДПМНЕ ги поканивме неколку пати да учествуваат и да ја следат работата на сите тела вклучени во проектот, а наместо да се вклучат и да може да даваат сугестии решија да играат на картата добивање на политички поени што во случајов нема да функционира дека проектот е целосно транспарентен
– Со свое мислење се произнесе и Државната комисија за жалби по јавни набавки која е независна и самостојна во својата работа. Постапувајќи по службена должност даде свои коментари и насоки за постапување. По истите е веднаш постапено и документацијата е повторно објавена и повторно отворена за прашања.
– Претходната Влада имаше 11 години можност за изградба на нов Клинички центар. Владата на Република Северна Македонија е првата Влада која вистински е ангажирана и посветена за граѓаните да имаат нов Клинички центар.
– Целата постапка за новиот Клинички центар се реализира во согласност сите важечки закони и прописи во Република Северна Македонија.
– Владата на Република Северна Македонија продолжува да води грижа за граѓаните да добијат достоинствени услови за престој во болница и современи услови за работа.
Министерството за здравство и понатаму е отворено и транспарентно за појаснување или одговарање на прашања и дилеми поврзани со изградбата на новиот Клинички центар во Скопје.
Со почит,
Одделение за односи со јавност
Министерство за здравство
Ново на Сител
-

Вучиќ: Ги изгубивме изборите
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто
-

Масовна излезност на изборите во Србија - до 17 часот над 60 проценти
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција

