МЗ: Вчера вакцина примиле 11.946 граѓани
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 510.197 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.109 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 11.946 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 891.379 дози вакцини, а ревакцинирани се 381.182 граѓани, соопшти Министерството за здравство.
Со последните бројки, како што се посочува, 63 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 61 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 55 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 45 отсто од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
-Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата, информираат од Министерството за здравство и апелираат граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање, бидејќи само на овој начин ќе успееме да го победиме вирусот.
Ново на Сител
-
Освен физичко обезбедување на Центрите, УПОЗ бара и обезбедување на социјалните работници на терен
-
5 години дел од НАТО – членството на Македонија донесе стабилност и оптимизам во регионот
-
Политичарите најчесто шират содржини со штетни наративи
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Истрагата се води селективно
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Преглед на вестите од светот
-
Дел од повредените пациенти се враќаат дома