МЗ: Вчера се вакцинирале 6.282 лица, вкупно вакцинирани 289.305 граѓани
На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 289.305 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.044 граѓани, а вкупно се вакцинирале 6.282 лица. Преку веб-платформата vakcinacija.mk , досега се пријавиле 460.702 граѓани за вакцинирање, информираат од Министерството за здравство.
Во државата, вкупно се аплицирани 501.506 дози вакцини, а ревакцинирани се 212.201 граѓани.
Со последните бројки, 51 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 45 проценти над 65 години се вакцинирани со барем една доза вакцина и 38 отсто од жителите над 60 години примиле барем една доза вакцина.
-Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп, велат од Министерството за здравство.
Министерството апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар