МЗ: Тим специјалисти ќе бидат испратени во болницата во Гевгелија, лекарска помош побарале 50 деца и бебиња со респираторни инфекции
Министерството за здравство ја информира јавноста дека изминатиов месец во болницата во Гевгелија, лекарска помош побарале 50 деца и бебиња со симптоми за респираторни инфекции, неспецифични за овој период од годината.
Во текот на утрешниот ден тим од Клиниката за педијатрија, во состав д-р Аспазија Софијанова, д-р Весна Мицевска и д-р Валентина Јовановска Огненовиќ ќе бидат упатени во ОБ Гевгелија, за поддршка на педијатрите и евентуални дополнителни испитувања во делот на специфична дијагностика.
Во мометов во болницата во Гевгелија хопситализирани се само само две бебиња, поради возраста, а 20 сетина деца се на терапија, но истите не се задржани во болница. ОБ Гевгелија досега ги има преземено сите здравствени протоколи за третман на младите пациенти, но поради неспицифичноста на самите инфекции кои се појавиле во топлиот период, а карактеристични се за есен и зима, потребни се дополнителни анализи и по завршувањето на истите јавноста ќе биде информирана.
Ново на Сител
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
-

Стартуваа камерите Безбеден град
-

Алиу - реновираните сали на хируршките клиники ќе проработат на почетокот на јули
-

Серија земјотреси во Венецуела по двата смртоносни - бројките на загинати и повредени континуирано растат
