МЗ со реакција: Нема прекин во изградбата на трите модуларни болници во Скопје
Министерството за здравство денеска до телевизија Сител, на нивно барање одговори прецизно дека замената на времените објекти од амбулантно-поликлиничка дејност, се одвиваат согласно планираните активности и дека на терен се одвиваат активности поврзани со инфраструктурни приклучоци.
Министерството за здравство до овој момент не добило никакво известување од надзорот на објектите, ниту од изведувачот, дека се преќинати какви било активности, туку дека активностите се одвиваат според планираната динамика.
Министерството за здравство апелира до медиумите информации и податоци да проверуваат пред истите да ги објават. Граѓаните заслужуваат навремено, точно и правилно да бидат информирани. Министерството за здравство во секое време стои на располагање за информации.
Министерство за здравство
Ново на Сител
-
Новата ракометна сезона почнува на 6 септември, на стартот Алкалоид – Охрид
-
Дивац опериран по сообраќајна несреќа во Црна Гора
-
Мбапе пуштен од болницата во Мајами
-
Истрага против две лица за тешката сообраќајна несреќа во Охрид
-
САД распоредуваат трет носач на авиони поблиску до конфликтот на Блискиот Исток
-
„Амазон“ ќе произведува 10.000 самоуправувачки „роботакси“ - возила годишно
-
Дисциплинската комисија на ЈОРСМ утврдила крупни грешки кај шефот на Вишото јавно обвинителство
-
На граничните премини Богородица и Табановце од македонска страна се чека до половина час