МЗ: Седумгодишното дете кое почина на Клиниката за детски болести немало коронавирус

Седумгодишното дете кое починало на Клиниката за детски болести немало коронавирус, додека на вработениот лаборант од клиниката кој е заболен од Ковид-19 земена му е епидемиолошка анкета, информираат од Министерството за здравство.
На седумгодишното машко дете кое почина на Универзитетската клиника за детски болести земени му се два бриса за тестирање за коронавирус.
– Еден брис кога било хоспитализирано детето, а вториот брис кога починало. Двата теста биле негативни на Ковид-19. Детето немало пневмонија, ниту симптоми за коронавирус, стои во соопштението од МЗ.
Во однос на вработениот во лабораторијата на Клиниката за детски болести кој е заболен од КОВИД-19, земена му е епидемиолошка анкета, како и од дел од колегите со кои бил во непосреден контакт.
– Утре ќе се земат и втор дел од анкетите. Тие најверојатно ќе упатат од каде се заразил лаборантот, информираат од Минстерство за здравство.
Ново на Сител
-

Нови пожари во Кавадаречко
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Се реактивираше големиот пожар во Кавадаречко
-

6 нови сомнителни случаи на западно-нилска треска
-

МЗ: Eпидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
-

СДСМ: Власта си игра со здравјето на граѓаните
-

Вонреден инспекциски надзор во три болници по случајот со парализираната родилка
-

Приведена кратовчанка за напад на туристи на Куклица
