МЗ: Ревакцинирани 48 отсто од полнолетните граѓани, 59.735 примиле трета доза
– Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.037 дози вакцини, од кои 1.581 се аплицирани како прва доза, 853 се ревакцинирани, а 1.603 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 17 ноември вкупно се вакцинирани 818.689 граѓани, ревакцинирани се 787.837, а трета доза примиле 59.735 граѓани, соопшти Министерството за здравство.
Педесет и седум отсто од граѓаните над 40 – годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 58 отсто, а со две дози опфатени се 48 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 38 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина, информираат од Министерството за здравство.
Ново на Сител
-
Две лица загинати откако со мотор удриле во бетонски столб во Скопје
-
Ѓоковиќ се пласира во финалето на турнирот во Женева
-
Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната, разменети се 780 луѓе
-
Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари
-
Силно невреме го зафати Белград, поплавени улици колапс на сообраќајот
-
Идниот гувернер ќе се избира на 28 мај
-
Косовски полицаец држел за врат српски матурант и го малтретирал во Косовска Митровица
-
Црвен крст: Досега собрани 156.542.967 денари за настраданите од пожарот во Кочани