МЗ: На лекување во странство се 69 пациенти, нема промена во нивната состојба
Министерството за здравство информира дека во моментов, 69 пациенти се на лекување во странство и нема промена во нивната состојба, во споредба со претходните денови. Непроменета била и состојбата на пациентите во критична состојба.
- Во моментов, во установите во Скопје се лекуваат 15 пациенти. Од нив, шестмина во хируршката клиника „Свети Наум Охридски“. На Клиниката за пластична хирургија се четворица пациенти, пристигнати синоќа од странство. На Клиниката за токсикологија има двајца пациенти - еден од претходно кој е префрлен од хируршката клиника „Свети Наум Охридски“ и еден кој ноќеска е дојден од Шпанија. Еден пациент е хоспитализиран на Клиниката за пулмологија. Во „Систина“ се лекуваат двајца пациенти. Сите пациенти кои се третираат во нашите установи се во стабилна состојба, потенцираат од Министерството.
Во соопштението се додава дека Министерството и понатаму внимателно ја следи состојбата на повредените пациенти и останува во постојана комуникација со медицинските тимови во земјава и странство, посветено на обезбедување најдобра можна нега за повредените од несреќата во Кочани.
Во пожарот на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани животот го загубија 60 лица, а повредени беа околу 200 луѓе.
Ново на Сител
-
Црн чад над Сикстинската капела во Ватикан
-
ПМФЛ: Шкендија со триумф над Работнички ја обезбеди шампионската титула
-
Започна конклавата за избор на нов папа
-
Пронајден починат маж во Бутел
-
Николски за заемот од 6 милијарди евра: Делот за тоа колку ќе се задолжиме е погрешно пренесен
-
Учество на министерот Муцунски на неформалниот состанок во GYMNICH формат
-
Во првиот квартал извоз во вредност од 1 928.6 милиони евра
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност