МЗ формираше Комисија за случајот со починатото девојче од Гостивар

Министерството за здравство информира дека во врска со случајот со починатото петнаесетгодишното девојче од Гостивар се преземаат сите законски мерки, кои се во надлежност на Министерството, со цел комплетно испитување на случајот.
Како што наведуваат во соопштението, за таа цел веднаш е формирана комисија за стручен надзор, согласно Законот за здравствена заштита, со претставници од Државниот санитарен и здравствен инспекторат и доктори од соодветните специјалности.
Комисијата од стручен аспект го анализира целокупниот третман на пациентката, почнувајќи од приемот во Општа болница Гостивар и транспортот со возилото на Итна медицинска помош, за да се утврди дали во целост е постапено согласно медицината базирана на докази при третманот на пациентката.
По извршениот стручен надзор, извештајот од Комисијата се доставува до сите надлежни институции.
Ново на Сител
-

Зголемена фреквенција но не и застој
-

Велики петок, најтешкиот ден во христијанството
-

Историски исчекор за МПЦ во Италија
-

Утре САД и Иран на преговори во Пакистан
-

Унгарија пред политички крстопат – сè е подготвено за изборите в недела
-

Православните христијани го одбележуваат Велики петок, најтажниот ден во годината
-

Велики Петок - Создателот пострада за своето создание, за да го спаси и да му ги искупи гревовите
-

Велигденските празници го наполнија Охрид
