МВР: За 73 отсто намален бројот на жртви на сообраќајниците во септември 2021
За 73 отсто е намален бројот на жртви на сообраќајниците во септември 2021, соопштија денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски и претседателката на РСБСП Гордана Кожуваровска. Во септември 2021 има четири жртви во сообраќајни несреќи, а во септември минатата 2020 година имало 15.
Според претседателката Кожуваровска, евидентно е дека кампањите што заеднички ги спроведуваат РСБСП и МВР даваат резултати.
-Заврши летната кампања која беше под мотото „Вози одморен“ која ја реализираа РСБСП И МВР. Оваа кампања придонесе за намалување на бројот на сообраќајни незгоди и намалување на бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди. Во септември 2021 има четири жртви во сообраќајни несреќи, а во септември минатата 2020 година имало 15. Задоволни сме бидејќи е намален бројот на сообраќајни незгоди и неколкукратно е намален бројот на загинати лица во сообраќајни, а ќе бидеме целосно задоволни кога бројот на загинати лица во сообраќајните незгоди ќе биде нула. РСБСП продолжува со планираните активности. Во септември започна учебната година, а со тоа започна и кампањата „ Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, рече Кожуваровска.
Затоа, додаде таа, РСБСП апелира до возачите да бидат внимателни, да внимаваат на децата во сообраќајот и да ја намалат брзината во близина на училишта и градинки.
–Не заборавајте дека безбедноста на децата во сообраќајот е одговорност на возрасните! Во тек е и кампањата „Безбедно возење со трактор“. Возачите на трактори и други работни машини за да учествуваат во сообраќајот треба да поседуваат соодветна возачка дозвола и да управуваат со технички исправни и регистрирани возила“, рече Кожуваровска.
Портпаролот на МВР им се заблагодари на мнозинството граѓани кои се приклучија во напорите да се обезбедат што е можно побезбедни патишта, но и на полициските службеници, кои секојдневно даваат придонес за побезбедни патишта.
-За 73 отсто е намален бројот на жртви на сообраќајниците во септември 2021. Во септември 2021 има четири жртви во сообраќајни несреќи, а во септември минатата 2020 година имало 15.Ова е сериозно намалување, но ние продолжуваме со интензивните активности за овие бројки да се намалуваат и натаму и ги повикувам и оние граѓани кои до сега не ги почитуваа правилата да ни се приклучат и сите заеднички да обезбедиме безбедни патишта. 2020 беше најбезбедна година според бројот на жртви на патиштата, но првите девет месеци од 2021 покажуваат дека оваа година е со најмал број на жртви на патиштата, рече Ангеловски.
За дополнително намалување на бројот на жртви во сообраќајни незгоди МВР продолжува со засилени контроли за санкционирање на учесниците во сообраќајот кои не ги почитуваат законите.
-Во текот на вчерашниот ден санкционирани се 368 возачи поради возење со брзина поголема од дозволената, а синоќа санкционирани се и 141 пијани возачи. Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови, нагласи Ангеловски.
Ново на Сител
-
Белингем го освои трофејот „Ди Стефано“
-
Кливленд ја започна сезоната со 12 победи во низа и стана осми тим со ваков ефект
-
Зверев ја извојува 50. победа во кариерата над противник од топ 10
-
Над четири илјади полицајци и безбедносни лица ќе работат во Париз за време на натпреварот Франција – Израел
-
Излепени плакати во Белград со мапа на „Голема Србија“ во која е и Македонија | ФОТО
-
Трајковски: Пред нас се двата најважни натпревари во Лигата на нации
-
Премиер лигата суспендира судија поради навреди кон Ливерпул и Клоп
-
Десет кандидати за нов тренер на Рома