МВР вчера изврши 52 претреси - пронајдено е оружје, дрога и пари | ФОТО

Во рамки на засилените активности за откривање на сторители на кривични дела од областа на недозволената трговија со дрога и оружје, вчера на територијата на цела држава МВР спроведе координирани активности.
Како што соопштија денеска од МВР, по претходно обезбедени наредби од судија на претходна постапка, извршени се 52 претреси во домови и помошни простории на локации во цела држава, при што биле пронајдени ловечки пушки, карабин, воздушни пушки и еден гасен пиштол, муниција од различен калибар, семки од растението канабис, повеќе пакувања со растителна, прашкаста и грутчеста материја, таблети екстази, дробилки, ваги, шприцеви исполнети со течност и други предмети.

При претресите биле пронајдени и пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од продажба на наркотични дроги.
Во рамки на активностите, само во текот на вчерашниот ден, по брза постапка биле поднесени три кривични пријави против четири лица по член 215 и една кривична пријава за едно лице по член 396 од Кривичниот законик. Додека, против едно лице е распишана локална потерница. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци и против другите инволвирани лица.

Министерството за внатешни работи најави дека и во наредниот период ќе продолжи со засилените мерки и активности за спречување на кривичните дела од областа на недозволената трговија со дрога и оружје, како и за пронаоѓање и приведување на сторителите на овие дела.
Ново на Сител
-

Нов напад на американскo израелските сили, погодена болница во Техеран
-

Повеќе од 150 македонски државјани затечени во загрозените подрачја ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби
-

Иран вели дека три танкери за нафта биле погодени од ракети
-

Трамп: Уништивме девет ирански воени бродови
-

Рама го разреши генералниот директор на албанската полиција Илир Прода и директорот на полицијата на Тирана
-

Во напад врз женско училиште во Иран убиени 165 ученички
-

Напад во западен Иран уби десетици припадници на безбедносните сили
-

Израел ja нападна зградата на иранската државна телевизија во Техеран
