МВР: СВР Скопје и внатрешната контрола работат на расчистување на нападот на полициски службеник врз колега
Секторот за внатрешни работи Скопје и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди преземаат мерки и активности за расчистување на случајот од синоќа, кога околу 00.40 часот во угостителски објект во центарот на Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода И.Б.(43) од Скопје, полициски службеник кој не бил на должност, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
Како што соопшти МВР, И.Б. е приведен во полициска станица и известен е јавен обвинител, по чии насоки се преземаат соодветни мерки и активности и по завршување на постапката ќе следува соодветен поднесок по насоки на Јавниот обвинител. Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди по целосно документирање на настанот ќе бидат преземени соодветни дисциплински мерки согласно Колективниот договор во МВР.
Ново на Сител
-
Земјоделците се жалат, УЈП испраќа опомени, но не ги исполнува своите обврски
-
Oрганизиран превоз во општините за ученици
-
Детектор: Жените ги рушат бариерите
-
Преглед на вестите од светот
-
Протестен марш „Нека јадат ружи“
-
Тема на денот со Стево Пендаровски, поранешен претседател
-
Агелер: Уставните судии да бидат само судии
-
Мицкоски: Не се согласувам со мислењето на Коцевски дека не сторил тешка дисциплинска повреда