Македонија
10. September 2020 - 16:22

МВР со детали за убиството во Гостивар

На 10.09.2020 во 6:50 часот В.И.(33) од Гостивар во СВР Тетово пријавил дека во спалната соба од семејната куќа ја пронашол усмртена неговата мајка Џ.И.(60).

Осомничен дека го извршил убиството е Б.И.(67) сопруг на Џ.И. и татко на пријавителот, кој со остaр предмети ja усмртил. Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар извршиле увид на местото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.