МВР со детали за труење во полициската академија во Скопје

Денес во Центарот за обука на Министерството за внатешни работи, поточно во времето околу 08 и 20 часот, при спроведување на утринска смотра со слушателите на основна обука за полицаец, Генерација 2017/18 година, во присуство на дежурните на Центар за обука, Командирот на класа како и други дисциплински старешини, тројца слушатели од непознати причини паднале во бесознание, по што веднаш од страна на дисциплинските старешини било интервенирано. Истите се извлечени од строј и им е укажана прва помош по кој истите изјавија дека се чуствуваат подобро.
Во меѓувреме на тегоби и вртоглавици се пожалиле уште неколку слушатели, за што од страна на Дежурните на Центар и Командирот на класа утринската смотра е прекината, а кандидатите упатени се во училници.
За настанот веднаш е повикана Брза помош и околу 09:10 часот пристигна едно амбулантно возило од Итна медицинска помош, и од страна на медицинскиот персонал им се извршени медицински прегледи на 38 слушателите. Три од лицата со амбулантното возило од Итна медицинска помош се пренесени во Клинички центар, две од нив се пуштени веднаш по дополнителниот преглед додека едно лице е задржано.
За целиот настан се запознаени соодветните органи во Министерството за внатрешни работи, кои во координација со Агенција за храна, околу 11.30 часот од објектот за исхрана во Центар за обука, подигнале примероци од храна за понатамошно постапување.
Ново на Сител
-

Музичкиот спектакл „Силно светнал ден“ за 35 години независност стартуваше вечерва од Охрид
-

Тема на денот со Бојан Трајковски, доктор по општа медицина
-

Голем ризик за пожари на отворен простор и шумски пожари
-

Втор ден гори депонијата во Крива Паланка
-

Жештините ја зголемија потрошувачката на струја
-

Му го пресекол патот па избегал, ОЈО бара мерки на претпазливост за сообраќајката во Радишани
-

Зголемен број на повредени во сообраќајќи и скршеници поради колабирања бележат во Ургентен на Клинички
-

Подобрена е состојбата на повредениот пациент во Турција кој вчера беше транспортиран на Клинички
