МВР со детали за градинката која згрижувала деца и покрај забраната
СВР Скопје – ЕВР Карпош ќе поднесе кривична пријава против Т.И. и Е.Н., двете од Скопје и против приватна детска градина лоцирана во кругот на основно училиште на ул.„Карпошово востание“ во Скопје, поради постоење основи на сомнение „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, казниво по член 206 од Кривичниот законик. На 16.07.2020 околу 10.30 часот, по претходна добиена пријава од граѓанин дека градинката работи и згрижува деца, полициски службеници од ЕВР Карпош излегле на местото, при што било утврдено дека детската градинка работи и дека се згрижени осум деца, а во неа работат и 12 лица, меѓу кои и директорката Т.И. и сопственичката Е.Н..
Во координација со Јавен обвинител на местото излегле преставници на Државниот санитарен и здравствен инспекторот и Државниот инспекторат за труд. Тие констатирале дека не биле почитувани протоколите за работа на градинки во услови на прогласена пандемија на коронавирус, поради што детската градинка ја затвориле и ги известиле родителите да ги земат децата кои биле згрижени во објектот.
Ново на Сител
-
Единаесет приведени во акцијата за сомнителна набавка на деривати
-
ИЈЗ: Загадениот воздух се поврзува со смртта на околу 4000 луѓе годишно во Македонија
-
Mнозинството пратеници со недоверба за членовите на Судскиот совет, СДСМ и ДУИ ја напуштија расправата
-
Интерпелации во Собрание, а Судски совет во редовна работа
-
Таравари не дава „Ѓока констракшн“ да стопанисува со паркингот на Клинички - го поништи огласот
-
Одбележани 82 години од депортацијата на македонските евреи во логорот Треблинка
-
Интерпелациите на петте членови на Судски совет пред пратениците
-
СДСМ бара ДКСК да ги истражи тендерите во Министерството за дигитална трансформација