-->
-->
МВР со детали - Бојку Леку бил убиен пред очите на синот
-->

Педесет и пет годишниот Д.Б. од село Галешта е усмртен вчера додека седел на терасата од ресторанот „Аква Блу“ во Струга, велат од полицијата.
Од Министерството за внатрешни работи денеска излегоа со повеќе детали околу убиството на Дилавер Бојку Леку среде бел ден.
-Непознато лице околу 16 часот и 45 минути дошло и испукало еден проектил од огнено оружје кој го погодил Д.Б. во пределот на главата, по што почнало да бега. Веднаш потоа синот на Д.Б. со уште едно лице се стрчале кон него во обид да го фатат, но напаѓачот испукал неколку куршуми и кон нив и избегал, информираат утринава од МВР.
Повредиот, велат од полицијата, бил пренесен во струшката болница, каде по кратко време починал. Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот, а телото на починатиот по наредба на јавен обвинител е предадено на обдукција. Дополнително, додаваат од МВР, од местото подигнати се траги кои се предадени на вештачење, а интензивно се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
Во јавноста веќе се шират гласини дека се работи за крвна одмазда. Сведоци на крвавиот инцидентот кој се случи сред бел ден биле бројните капачи кои во моментот кога се случил немилиот настан биле на плажата со која убиениот стопанисувал.
Дежурните лекари се обиделе да го спасат Леку: –Донесено е лицето Бојку Дилавер од приватни лица, не беше донесен со кола од брза помош. Примен во хируршкото одделение во Струга, видено е кај него прострелна рана во главата. Веќе беше во агонија, односно во биолошка смрт. Иако се обидувавме со анестезиологот дадовме брза интервенција, но не се успеа да се врати во живот, изјави вчера Илми Речи-хирург.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
Четири млади лица приведени во кавадаречко, поседувале бела грутчеста материја
-
За време на продолжениот викенд јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред
-
Четири лица, од кои двe малолетни, фатени на дело при обид за кражба во Куманово
-
Илон Маск ја продаде својата компанија „Х“ на друга своја компанија
-
Претрес во Кочани, пронајдена кафеава прашкаста материја и марихуана
-
На скопските клиники остануваат 14 повредени пациенти од пожарот во Кочани, во странство останува 91 пациент
-
Почнува летното сметање на времето