МВР: Словачка поддршка за продолжување на проектот за засилен надзор на јужната граница
Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу денеска се сретна со Мартин Безак, амбасадор на Република Словачка во Република Македонија, при што станало збор за продолжување на соработката со словачкото МВР во делот на надзорот на јужната граница.
Како што соопшти МВР, на средбата, министерот Нухиу на амбасадорот Безак изразил благодарност до Република Словачка и до Министерството за внатрешни работи на Словачка за позитивниот одговор на барањето на Министерството за внатрешни на Република Македонија за продолжување на проектот за засилен надзор на јужиот дел од државната граница на Република Македонија кон Грција за 2017 година.
- Проектот би се реализирал на граничниот премин Меџитлија започнувајќи од 22 јануари 2017 година и според одлуката на Министерството за внатрешни работи на Словачка, би траел еден месец и би имал за цел спречување на евентуалното повторно заживување на балканската рута, се наведува во соопштението.
На средбата, исто така, уште еднаш биле потенцирани одличните билатерални односи меѓу двете земји.
Ново на Сител
-
30 години Сител Телевизија - Ваш прв избор
-
Масовни протести во Грузија: Стотици уапсени, полицијата обвинува за насилство
-
Одговорност за наставничка што ја организирала приредбата во ОУ „7 Март“ во Челопек
-
Приведена кавадарчанка за обид со туѓа лична карта да подигне пари
-
Уапсени се 18 лица поврзани со инцидентите за Денот на албанското знаме, четворица се во притвор, информира Тошковски
-
Се бара „неработник“ на годината
-
Кавадарчанка пријавила вознемирување со објави против неа, закана и обид за физички напад
-
Предлог-буџетот за 2025 на собраниската седница закажана за 10 декември