МВР: Секторот за компјутерски криминал презема мерки за истраги и справување со „фишинг“ - напади

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Секторот за компјутерски криминал активно презема мерки за истраги и справување со „фишинг“ (phishing) напади, што имаат за цел да ги измамат граѓаните и да ги добијат нивните лични или финансиски податоци
- „Фишинг“ - нападите најчесто се изведуваат преку лажни електронски пораки, веб-страници или пораки на социјалните мрежи, што изгледаат како да доаѓаат од доверливи извори, како што се банки, државни институции или познати компании. Воедно, информираме дека е забележана појава на достава на лажни фактури за уплата на парични средства на електронските адреси на вработени во правни лица кои се овластени за истото, во име на управителите на правните лица, но, од лажни електронски адреси, се додава во соопштението на МВР.
Се апелира да не се отвораат линкови или прилози од сомнителни е-пораки, да се проверува адресата на испраќачот - официјалните институции и компании користат службени домени, да не се внесуваат лични податоци - кориснички имиња, лозинки, броеви на платежни картички, на сомнителни веб-страници, да се користи двофакторска автентикација (2FA) за дополнителна заштита на сметките и да се пријават сомнителни пораки кај надлежните институции или во банка.
Ново на Сител
-

100 дена мандат на градоначалникот на Скопје
-

Тема на денот со Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник
-

Слаб процент на вакцинација со ХПВ во скопски Центар и Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
-

Вајц: Потребен е итен напредок во уставните измени и итни реформи
-

Професионализација на дипломатската служба
-

Сиљановска: Нашето авионче е најмало и најстаро, колегите го нарекуваат „авиончето на браќата Рајт“
