МВР се поднови со осум „дачии“ донација од Германија

Осум возила „дачиа дастер“ денеска донираше Сојузна Република Германија за потребите на Министерството за внатрешни работи. Возилата се со вредност од околу 130 илјади евра, а ќе се користат за граничната полиција.
Од МВР соопштија дека заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу од амбасадорот на Германија Ото Граф, примил дел од донацијата од Договорот за донација меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Сојузното министерство за внатрешни работи, градежништво и татковина на Сојузна Република Германија потпишан на 10 октомври 2019 година.
-Би сакал да ја искористам оваа прилика да се заблагодарам на Сојузна Република Германија за поддршката на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија во вид на донации на техничка помош и возила, со кои значително се подобри операбилноста на нашата полиција, а особено на граничната полиција во вршењето надзор и унапредување на безбедноста на државната граница, како и во насока на успешно справување со предизвиците од илегалната миграција, рече Нухиу.
Замени-министерот ја истакна одлична соработка со ресорното Министерство од Германија, како и заедничките заложби за справување со предизвиците од заканите по јавната безбедност.
Ново на Сител
-

Реализација на владините ветувања
-

Млекарите од Пијанец најавуваат блокади на патиштата, а млеко ќе се дели гратис, наместо да се истура
-

Сп 2026: Аргентина - Алжир со 3-0 со хет-трик на Меси
-

Сиљановска: Не очекувам да се нарушат односите со Бугарија
-

Јотова загрижена за бугарскиот амандман за извештајот за Македонија - почна дебатата во ЕП
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Приведен 44 годишeн скопјанец за палењето на возилата на бугарската амбасада
-

Нова инвестиција во ТИРЗ Тетово вредна 21 милион евра ќе отвори речиси 500 работни места
