МВР: Растурен бадников оган во Орман, приведени десетина лица

Вечерва (05.01.2021) во 21.15 часот полициски службеници од СВР Скопје затекнале десетина лица покрај оган во скопското село Орман. Лицата се приведуваат во полициска станица и против нив ќе следат соодветни поднесоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да не организираат било какви собирања односно да ги почитуваат меркита за справување со коронавирусот.
Согласно Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразна болест COVID 19 предизвикана од вирусот SARS COV 2, случаите и временскиот период на нивна примена (Службен весник на РСМ, број: 298 од 16.12.2020 година) се забранува организација и одржување на прослави на јавни места и површини по повод престојните празници, како и организација и одржување на каков било друг тип на прослави и собирања на отворен и затворен простор од страна на физички и правни лица, особено во периодот од 18 декември 2020 до 21 јануари 2021 година.
Ново на Сител
-

Деспотовски: Не правам нова партија, ама мојата СДСМ е узурпирана од поединци
-

Тема на денот со Јован Деспотовски
-

,,Македонски етимолошки речник“ од авторот проф. д-р Гоце Цветановски
-

Измени во Законот за финансиски друштва и еврообврзница од милијарда евра поделена на два дела, најавува министерката Кочоска
-

Родители на починатите деца во „Пулс“ сведоци на судењето за пожарот во дискотеката
-

Собранието го распиша огласот за нов државен јавен обвинител
-

11 години затвор за Фатон Љури кој го прегази Југо на пешачка патека пред неговиот дом
-

Парламентот го изгласа Законот за Судски совет
