Македонија
6. October 2018 - 16:04

МВР приведе 13 лица за препродавање артефакти - меѓу нив и 75-годишниот татко на режисерот на контроверзниот филм ,,Ругање со Христос‘‘

Таткото на режисерот Јане Бојаџи е меѓу 13-мината уапсени во полициската акција за ископ и продажба на артефакти.. 75 годишниот Андони според МВР се товари за кривично дело против културното наследство и природните реткости.. Полицијата го сомничи за дел од злосторничко здружување кое продавало артефакти со непроценлива вредност.. Портпаролот на МВР тврди дека апсењето на Бојаџи нема поврзаност со синоќешната проекција на филмот на неговиот син..

Режисерот Бојаџи, апсењето на татка си го спореди со филм во кој главни ликови се старци што се бават со потеклото на македонски народ, а општеството им суди за кажан збор.. Вели дека според фактите се работи за притисок врз него во пресрет на проекцијата на филмот „Ругање со Христос“..

Инаку филмот „Ругање со Христос“неодмна го осуди владата која оцени дека содржината промовира говор на омраза поврзан со борците на поранешната ОНА.. Според Бојаџи пак во кинематографијата не постои национализам па затоа и не може гледачите да се делат по националност..

Од Министерството за внатрешни велат дека во акцијата со која е спречено тргување со артефакти учествувале луѓе од неколку градови - Струга, Велес, Тетово, Струмица, Скопје.. Осомничените биле следени една година.. При претресот на 16 различни локации, поцијата пронашла скапоцени камења, монети, скулптури.. Осомничените поседувале и мапи, метал детектори..

Инаку осуммина од уапсените се задржани до изведување на пред истражен судија, информиа МВР, додека петмина по распитот во полиција се пуштени дома..