-->
-->
МВР: Претреси во Пробиштип и во Маврово и Ростуше, пронајдена дрога, приведени две лица
-->

Полициски службеници од СВР Штип денеска во 06.50 часот во Пробиштип, го лишиле од слобода К.Т.(21) од село Пуздерци, пробиштипско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба биле пронајдени и одземени марихуана, семки од растението канабис и предмет со остатоци од прашкаста материја, информираат од МВР.
Од МВР, исто така, информираат дека вчера во 18.00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Е.С.(33) од с.Требиште, општина Маврово и Ростуше. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени семки од растението канабис.
По документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
