МВР на Северна Рајна-Вестфалија призна уште еден пропуст во истрагата за напаѓачот во Берлин
Министерот за внатрешни работи на германската покраина Северна Рајна-Вестфалија Херберт Ројл призна дека полицијата направила уште една грешка во истрагата против Анис Амри, кој изврши напад со камион во Берлин во 2016 година.
Ројл рече дека полицијата го запленила телефонот на Амри во февруари 2016 година. Во телефонот имало седум фотографии на кои Амри држи оружје. Сликите не се земени предвид како можни докази, бидејќи ги занемарил компјутерскиот алгоритам со кој се анализирани.
Во Германија деновиве под засилени мерки за безбедност се отвараат традиционалните божиќни базари, речиси една година по терористичкиот напад врз божиќен базар во Берлин во кој беа убиени 12 лица.
Министерот за внатрешни работи Томас де Мезиер ги повика Германците да не ги избегнуваат тезгите поради страв, бидејќи уличните базари се дел од германската традиција и култура. Министерот рече дека „терористичката закана едноставно е многу голема. Во секое време и секаде“.
Берлинскиот Божиќен базар, на кој беше извршен нападот на 19 декември минатата година, ќе биде отворен вечерва со бдеење. Утринава во спомен на жртвите се одржа служба во Меморијалната Црква „Кајзер Вилхелм“, која се наоѓа до тезгите.
Ново на Сител
-
Истрага од Комисија за судир на интереси против хрватскиот претседател бидејќи ја однел сопругата на ЕУРО 2024 во Германија
-
Времето лечи се | Катерина Ангеловска | Личен Развој | Sitel Podcast 047
-
На „Табановце“ се чека околу 15 минути за влез во државата
-
Нема промена на Рамката
-
Донесени дополнувањата на Законот за енергетика со кои треба да се спречи поскапување на струјата
-
Советници на Трамп му предале план за запирање на американската воена помош на Киев доколку не разговараат за мир со Москва
-
Предлог законот за дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка, проследен на натамошна постапка во Собранието
-
ЕУ ја продолжи заштитата на украинските бегалци до 2026 година