МВР информира: Важни промени во процесот на издавање меѓународна возачка дозвола

Министерството за внатрешни работи информира дека согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата односно одредбите од законот кои се однесуваат на начинот и постапката за издавање на меѓународна возачка дозвола што почнуваат да се применуваат од утре, на секој возач кој поседува возачка дозвола, на негово барање му се издава и меѓународна возачка дозвола.
Промените се однесуваат на тоа дека на возачот на кој му е изречена прекршочна санкција - забрана за управување со моторно возило за одреден период – не може да му биде издадена меѓународна возачка дозвола додека му трае изречената забрана. Согласно правилникот кој ја регулира оваа област почнувајќи од утре кон барањето за издавање на меѓународна возачка дозвола се приложува и потврда издадена од МВР и СВР (Оддел за управни работи) дека против возачот не е изречена прекршочна санкција, односно забрана за управување на моторно возило. Потврдата се издава веднаш по поднесеното барање.
Ново на Сител
-

Мухамед Сејдини приведен за проневера и злоупотреби
-

Второ одложување на судењето за сообраќајката во која загина Јорго Ќука
-

СДСМ со ултиматум за техничката влада
-

Ниту плата ниту мерки на ЕСС во Влада
-

Кризата со керозинот ќе ги зголеми цените на авиобилетите
-

За изградба на железница кон Албанија, Николоски очекува посветеност и од Тирана
-

Конференција: Скопје европска престолнина на културата во 2028 година
-

Новаци ќе добие регионален центар за отпад
