Македонија
2. September 2018 - 17:26

МВР го расчисти убиството на жената од Велгошти

Министерството за внатрешни работи (МВР) го расчисти убиството на Б.П. (47) во охридското село Велгошти, а на осомничениот И.К. (62) од Охрид му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. 

Како што соопшти МВР, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „убиство“, СВР Охрид до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против И.К. (62) кој живее во Охрид. Пријавениот, казненото дело го сторил во периодот од 29 до 31 август 2018 година во куќата на Б.П., на улицата „Илинденска“ во Велгошти.

По преземени мерки и активности, на 31 август во 21 часот, И.К. е пронајден во куќа во Струга и лишен од слобода, а судот му одреди 30-дневен притвор.