Македонија
17. March 2021 - 13:13

МВР го расчисти случајот за малолетникот од Тетово кој го сквернавеше државното знаме

МВР информира дека Секторот за внатрешни работи Тетово целосно го расчисти случајот со сквернавењето на државното знаме на Република Македонија од страна на момче, кое снимило и видео и потоа го објавило на социјалната мрежа „Тик-ток“.

- Во текот на вчерашниот ден (16 март) во Полициската станица Тетово повикан е 16-годишник од тетовско, со кого во присуство на неговиот родител, извршен е службен разговор и по целосното документирање на случајот, за малолетникот ќе биде изготвен соодветен поднесок до ОЈО Тетово по член 319 и 394 од Кривичниот законик, соопштуваат од МВР.