МВР достави одговор до АВМУ

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ја известува јавноста дека Министерството за внатрешни работи достави одговор во врска со барањето за информација дали лицето Бојан Јовановски било обезбедувано од ова министерство како сопственик на 1 ТВ.
Во одговорот е наведено дека МВР нема преземено никакви мерки и активности за обезбедување на наведеното лице, врз основа на што и воопшто не се ангажирани полициски службеници за негово лично обезбедување.
Агенцијата продолжува со постапката за утврдување на фактичката состојба за можното тајно содружништво во 1 ТВ, поради што се обрати и до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Информации ќе бидат побарани и од други институции.
Во насока на заштита на јавниот интерес и за расветлување на случајот од регулаторен аспект, очекуваме соработката со релевантните институции да биде на високо ниво.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова бомба со тврдења за фаворизирање
-

Љупчо Пецов Ѓаволот се предаде на полицијата, од бегство оди во куќен притвор
-

Советот на јавни обвинители утре ќе избира привремен наследник на Коцевски
-

ДСЗИ побара стручна комисија да испита дали починатото новороденче на ГАК било соодветно лекувано
-

Антимигрантската резолуција влезе во Собранието – СДСМ остана надвор
-

„Нова сила“ со стари имиња – Филипче го склопи партиското раководство
-

Македонска делегација во Брисел
