МВР демантира дека е потпишан договор за услуги за технички преглед на моторни возила со фирмата „Пин петрол“

Министерството за внатрешни работи демантира дека е потпишан договор за услуги за технички преглед на моторни возила во Куманово со фирмата Пин Петрол.
Во тек е постапка за јавна набавка, но договор не е склучен. Најостро ги демантираме и лагите и манипулациите кои ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги пласира околу наводно сопствеништво на министерот Спасовски во оваа компанија.
Ниту министерот Спасовски ниту член на неговото семејство нема удел во било која компанија ниту во државата ниту надвор од државата, ниту денеска ниту во минатото.
По серијата лаги пласирани од оваа партија, во август оваа година министерот Спасовски поднесе барање до Антикорупциската комисија и јавно ја повика да се испита целиот случај и да се утврдат аргументите затоа што не смее да се дозволи да се манипулира со јавноста и да се изнесуваат лаги.
Фактите се јасни, а тие говорат дека ВМРО-ДПМНЕ свесно лаже и ја манипулира јавноста.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Иванка Василевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ
-

Преглед на вестите од светот
-

Ветото е моќна алатка - Бугарските европратеници остро против новиот пристап за проширување на ЕУ
-

Мицкоски охрабрен од новите предлози на Кос
-

Не помина предлогот за минималец од 600 евра - Од 105 присутни пратеници само 13 гласаа „да“
-

Инфлација од 2,7% во септември, измери статистиката
-

И догодина ќе точиме скапо гориво?
-

Судот му одреди мерки за претпазливост на вишиот обвинител од Битола
