МВР дел од меѓународна операција за сузбивање онлајн-измами и перење пари координирана од Интерпол

Министерството за внатрешни работи, преку Секторот за компјутерски криминал во содејство со Секторот за меѓународна полициска соработка, учествуваше во меѓународната операција FIRSTLIGHT 2026 за сузбивање на онлајн-измами и перење пари, координирана од Интерпол, која се реализира во периодот од 15.1. до 30.4.2026. Во операцијата учествуваа надлежни институции од 97 држави и територии, со заедничка цел - откривање и сузбивање измами со модус социјален инженеринг и поврзани активности на перење пари - соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.
- Измамите засновани на социјален инженеринг претставуваат облик на криминал при што сторителите ја злоупотребуваат довербата на граѓаните и правните лица со цел незаконско стекнување парични средства или доверливи информации. Во оваа категорија спаѓаат измами преку компромитирање службена електронска пошта (business e-mail compromise), инвестициски измами, романтични измами, измами со лажно претставување, сексуална уцена (sextortion) и други форми на онлајн-измами - пишува во соопштението.
Во рамките на операцијата на глобално ниво биле спроведени интензивни активности за размена на оперативни и разузнавачки информации, претреси на локации, блокирање и замрзнување банкарски сметки и виртуелни паричници, како и користење на механизмите на Интерпол за брзо запирање на незаконски финансиски трансакции.
На глобално ниво, операцијата резултирала со лишување од слобода 5.811 лица, идентификација на повеќе од 142.000 жртви, анализа на 152.808 случаи, решавање 23.715 случаи, идентификација на 15.606 осомничени лица, блокирање 31.014 банкарски сметки, пресретнување речиси 293 милиони американски долари незаконски стекнати средства, издавање 99 известувања и дифузии преку Интерпол.
- Учеството на Министерството за внатрешни работи во оваа глобална операција уште еднаш ја потврдува важноста на меѓународната полициска соработка во борбата против киберкриминалот, финансискиот криминал и транснационалните организирани криминални групи. Министерството ќе продолжи активно да соработува со Интерпол и со меѓународните партнери во откривањето, спречувањето и гонењето на сторителите на онлајн-измами и заштитата на граѓаните од пософистицираните облици на дигитален криминал - се додава во соопштението.
МИА
Ново на Сител
-

Муцунски: Веруваме дека во рамките на нашите предлози може да се најде решение за почеток на преговори со ЕУ
-

Ангелов: Значително е влошена состојбата со пожарите на отворен простор
-

Три „ер трактори“ на ДЗС вклучени во гасењето на шумскиот пожар во близина на селото Моране
-

Се трага по 4 годишно дете од Македонија кое исчезнало на познато албанско летувалиште
-

Срушен е рекордот за ова лето: 21 активен пожар во Македонија
-

Го снимиле и пријавиле како фрла легло со мали мачиња во парк, АХВ го казни со 550 евра
-

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче
-

Орце Ѓорѓиевски се напи вода од чешма и порача: „Скопјани се безбедни“
