Македонија
19. September 2015 - 10:09

Музички хепенинг по повод воведувањето на брендот Телеком

По повод воведувањето на новиот бренд Телеком кој ги обедини „Т-хоме“ и „Т-мобиле“ вечерва пред Порта Македонија ќе биде организиран музички хепенинг на кој ќе настапат македонската музичка ѕвезда Каролина, хрватската поп пејачка Северина и ди - џејот Дејвид Моралес, кој е добитник на Греми наградата. 

Каролина пред македонската публика ќе се претстави со нејзиниот проект „Македонско девојче“, а Северина ќе ги отпее нејзините познати хитови. Подоцна македонската публика ќе ја забавува ди-џеј Моралес, а водител на настанот ќе биде Сашко Коцев.

Претходно, напладне во паркот „Жена борец“ за најмладите ќе биде организирана детска програма со игри и забава.