Мустафа обвини дека опозицијата е главниот виновник за блокирање на визната либерализација на Косово

Косовскиот премиер Иса Мустафа ја обвини опозицијата дека ја блокира визната либерализација за граѓаните на Косово.
Тој го нарече голема невистина ставот дека со Спогодбата за демаркација на границата со Црна Гора, Косово губи 8.200 хектари,како што тврди опозицијата.
Мустафа ги обвини и експертите кои диксутираат околу прашањето за демаркацијата,кои изјавиле дека српските документи се многу поточни од албанските.
Министерот за евроитеграции Беким Чолаку,пак за порталот „Зери“ оценува дека месец октомври ќе биде одлучувачки за заокружување на процесот на визна либерализација за Косово.
-На почетокот на септември соодветните механизми на Парлементот на Европа и Советот на ЕУ ќе ги разгледаат препораките на европската комисија за визната ливберализација,додека процесот може да заврши во текот на месец октомври,-изјавил Чолаку,кој е оптимист дека ќе има позитивен одговор.
Од друга страна, членовите на парламентарната комисија за евроинтеграции и пратениците од опозицискиот блок велат дека прашањето за визна либерализација многу повеќе е поврзано со борбата против корупцијата отколку со демаркацијата на границата со Црна Гора. Според нив, како што наведува „Зери“ нема да има визна либерализација се додека „нема борба против корупцијата“.
Ново на Сител
-

Чолакова Дервишова: Боледувањата се даваат ако сте болни, а не за задоволување на желби и патување
-

Почна дебатата во ООН
-

Тема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружение на приватни лекари
-

Пожар во деловни простории во кругот на Железара
-

Шверцувале цигари и лекови, цариник им давал информации за контролите
-

Лекарска комора го осуди физичкиот напад врз гинекологот Огненовиќ
-

Мицкоски од Њујорк: Македонија е жртва на булинг во Европа
-

Јулските плати зголемени за 2 евра во однос на јуни
