Балкан
31. July 2016 - 12:48

Мустафа обвини дека опозицијата е главниот виновник за блокирање на визната либерализација на Косово

Косовскиот премиер Иса Мустафа ја обвини опозицијата дека ја блокира визната либерализација за граѓаните на Косово.

Тој го нарече голема невистина ставот дека со Спогодбата за демаркација на границата со Црна Гора, Косово губи 8.200 хектари,како што тврди опозицијата.

Мустафа ги обвини и експертите кои диксутираат околу прашањето за демаркацијата,кои изјавиле дека српските документи се многу поточни од албанските. 

Министерот за евроитеграции Беким Чолаку,пак за порталот „Зери“ оценува дека месец октомври ќе биде одлучувачки за заокружување на процесот на визна либерализација за Косово.

-На почетокот на септември соодветните механизми на Парлементот на Европа и Советот на ЕУ ќе ги разгледаат препораките на европската комисија за визната ливберализација,додека процесот може да заврши во текот на месец октомври,-изјавил Чолаку,кој е оптимист дека ќе има позитивен одговор.

Од друга страна, членовите на парламентарната комисија за евроинтеграции и пратениците од опозицискиот блок велат дека прашањето за визна либерализација многу повеќе е поврзано со борбата против корупцијата отколку со демаркацијата на границата со Црна Гора. Според нив, како што наведува „Зери“ нема да има визна либерализација се додека „нема борба против  корупцијата“.