Мустафа: Косово ќе ги екстрадира двајцата осомничени во случајот „Монструм“

Министерот за внатрешни работи на Косово, Екрем Мустафа, кој е денес во работна посета на Македонија, во касарната во Ѓорче Петров, рече дека двајцата осомничени во случајот Монструм, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, ќе бидат екстрадирани во Македонија.
-Кога ќе се заврши процедурата во министерството за правда, тие ќе бидат екстрадирани во Македонија, рече Мустафа.
На 12 април 2012 година беа застрелани петмина скопјани додека ловеле риба крај Смилковското Езеро.
Убиени беа четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од скопската населба Радишани – Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и 45-годишниот Борче Стевковски од селото Црешево.
За петкратното убиство кај Смилковското Езеро беше отворен предмет „Монструм“, а на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите. Случајот „Монструм“ го презеде СЈО.
За судот сѐ уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници.
Ново на Сител
-

Се предлага зголемување на помошта за новороденчиња: 18.450 денари за прво, 36.900 за второ и 52.275 денари за трето дете
-

Ги запалил дипломатските возила и побегнал - Поднесено обвинение за нападот пред Бугарската амбасада
-

„Ладна Вода“ нов партнер на македонските фудбалски репрезентации
-

Собрани три тона отпад во акција за чистење на булеварот „Борис Трајковски“
-

Јаневска: Ранг-листите за студентските домови се јавно објавени, тврдењата за нивно криење се дезинформации
-

Јавните обвинителства лани поднеле 334 повеќе обвиненија во споредба со 2024
-

Савески: Еден обвинител работи за тројца, но квалитетот на одлуките не е нарушен
-

74-годишен маж нападнат од неговиот син во Виница
