-->
-->
Мурињо упорно го негира англискиот Лига куп
-->
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, по триумфот на својот тим во шеснаесет-финалето во Лига купот истакнал дека за англискиот фудбал би било подобро кога не би се играло ова натпреварување.
„Црвените ѓаволи“, во средата, го елиминираа Бартон со 4:1, а Мурињо смета дека за играчите би било подобра да одмораат отколку да играат натпревари со екипи од трет ранг.
„Може ли англискиот фудбал да биде подобар без Лига купот? Можеби. Можеби ќе имаме повеќе сила за европската конкуренција. Генерално секое натпреварување е важно за Манчестер Јунајтед и тоа играчите треба да го знаат. Мораме да го почитуваме овој турнир и ривалите“, рекол Мурињо.
Јунајтед во четвртото коло, во Лига купот, за противник ќе го има Свонси. Манчестер Јунајтед ја брани титулата во Лига купот која ја освои минатата сезона со победата над Саутемптон (3:2).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти