-->
-->
Мурињо: Јас морам да седам мирно
-->
Менаџерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо по нерешениот резултат (0:0) на неговата екипа со Хал синоќа реагиарше дека менаџерите во Премиер лигата немаат ист третман. Тој досега доби две казни поради критиките кон судиите, а истакна дека на некои судии им се допаѓа кога се „нападати“ од менаџери, наведувајќи пример на менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.
- Правилата за мене се поинакви. Четвртиот судија на еден натпревар му рече на еден тренер дека му се допаѓа колку страст има, а мене против Хал ми рекоа да седам мирно на клупата или ќе одам на трибини, изјави Мурињо.
Мурињо со ова го „прозва“ менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп, кој на дуелот Ливерпул – Челзи во вторникот имаше дијалог со четвртиот судија Нил Сворбрик, кој му рече: „Ми се доаѓа колку страст имаш, работи што сакаш“. Инаку, Клоп по натпреварот се извини затоа што викал на судијата Сворбрик.
Мурињо беше незадоволен од судењето на Мајкл Џонс на дуелот со Хал.
Пред неколку дена ФА го суспендира менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер на четири натпревари бидејќи на дуелот со Барнли викаше на четвртиот судија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ