Мурат вградил опрема од 1.800 евра во својот трактор - сега е главна атракција на нивата
Кога Мурат Карлеоглу (30), земјоделец од турската провиниција Ајдин, се враќа од нивата, цело село знае за тоа. Имено, тој потрошил 7.000 турски лири (приближно 1.800 евра) за најсовремено музичко озвучување кое го вградил во својот трактор.
Селанецот е главна атракција на нивата, каде што малку веселба никогаш не пречи никому. Тракторот модел „Маси Фергусон 266-Ге“ и претходно имал доста солиден стереосистем, но ексцентричниот фармер не бил задоволен од „количината“ децибели коишто тој ги произведува, па затоа решил да го надгради со звучници со поголема моќност, грамаден субвуфер, поддржан од уште помоќни засилувачи.
Интересот на медиумите го натера Мурат да подразмисли и за бизнис можностите, кои му ги отвора популарноста. Тој во една прилика изјави дека има идеја да го издава својот трактор под наем, за свадби и други свечености.
Ново на Сител
-
Намалена видливост поради магла на Стража
-
Ватикан: Здравствената состојба на папата Франциск е стабилна
-
Во Скопје се одржа трет протестен марш „Кој е следен“
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Шкендија нов лидер вo ПМФЛ
-
Малолетник од Косово удрил двајца пешаци во Скопје, едниот се здобил со тешки телесни повреди - поднесена пријава
-
Meдведев со саркастична порака по суспензија на Синер
-
Напаѓачот кој вчера со нож уби момче во Австрија бил исламист