„Мурат Тиџарет“ ја почна инвестицијата во Македонија, најавени 500 вработувања

Турската компанија „Мурат Тиџарет“ денеска почна изградба на фабрика во ТИРЗ Скопје 2, каде инвестира околу седум милиони евра и планира да отвори 300 работни места, кои во иднина би стасале до 500.
Во новиот капацитет, на површина од 6.000 метри кавдартни, ќе се произведуваат кабли за автомобилската индустрија, наменети за европскиот пазар и САД.
Генералниот директор на Мурат Тиџарет, Шахан Мурат Гора на стартот на инвестицијата потенцираше дека ја одбрале Македонија за дестинација за вложување поради потенцијалот за раст, позитивните услови за инвестирање, географската положба и близината со европскиот пазар, како и политичката стабилност и блиските пријателски односи меѓу двете држави.
- Фабриката за која го поставуваме камен темелникот за нас ќе биде значајна точка кон европскиот пазар. Планираме од почетокот на 2019 година да почнеме интензивно со производство и во следните пет години да реализираме вработување на 500 лица, рече Гора.
Како што информираше министерот за странски инвестиции Аднан Ќахил ќе следат уште турски инвестици, но и вложувања од други држави во Македонија, а во тек се разговори со десетици потенцијални инвеститори.
Значењето на фабриката на Мурат Тиџарет го потенцираше и премиерот Зоран Заев, укажувајќи дека тоа е четврта инвестиција од Турција во ТИРЗ Скопје 1 и 2. - Интересот за нови инвестиции на турски компании во Маскедонија раст е голем и од тие причини продолжуваме да ја интензивираме економската соработка меѓу двете држави, рече Заев, истакнувајќи дека поканата за членство во ЕУ и НАТО созадава предвидливи економски услови и бизнис клима за инвестиции поради што во идниот период ќе има интензивни економски активности и отворање нови капацитети.
Бројките од инвестициите во ТИРЗ-овите, според вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, се охрабрувачки. Прометот меѓу Македонија и Турција минатата година е 400 милиони евра, само во првите пет месеци од годинава во споредба со минатата година е зголемен за 12 проценти. За толку проценти е зголемен и извозот од Македонија во Турција, а вкупните инвестиции од турската држава во македонската изнесуваат 250 милиони евра, укажа Анѓушев.
Министерот за финансии Тевдовски, пак, наведе дека со инвестицијата во Македонија турската компанија добива едуцирана работна сила, поволна бизнис клима и поддршка од Владата. Македонија, пак, има придобивки за граѓаните и за бизнисот затоа што секое нова гринфил или браунд филд инвестиција значи нови работни места. Владата, како што наведе, покрај значајната сума пари за поддршка на инвестициите, поддршката што ја дава за отворање нови работни места се залага тие да бидат подобро платени. - Државата ќе врати 20 проценти од нето платата за сите нововработени во компанијата под услов да земаат плата поголема од 18.000 денари. На Мурат Тиџарет им посакувам што е можно поголеми суми на поврат на средства од државата по овој основ, рече Тевдовски потенцирајќи дека идното производство на турската компанија ќе приднесе за натамошниот раст на извозот кој во првите пет месеци од годинава е зголемен за 14 проценти, рече Тевдовски, и посочи дека придобивки ќе имаат и домашните компании.
Компанијата Мурат Тиџарет во Македонија ќе функционира под името Murat Wiring Systems. Според Договорот за закуп на градежното земјиште во ТИРЗ Скопје 2, потпишан во декември лани, во наредните 50 години добиваат на користење земјиште со површина од 32.000 метри квадратни.
Мурат Тиџарет е основана во 1969 година и има над 2.000 вработени и капацитети во повеќе држави.
Ново на Сител
-

Рубио: Притисокот на САД врз сојузниците во НАТО да вложуваат повеќе во одбраната не е непријателска работа
-

Трамп: Секој што го користи терминот вештачка интелигенција е „непријател“
-

Алармантни бројки од Онкологија: Лани откриени 1.000 нови случаи на рак на дојка, 7.000 заболени се на активен третман
-

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европска интеграција, Коридорот 8 овозможува тој принцип да се оствари
-

Жена нападната и расечена со остар предмет од партнерот во Скопје
-

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник
-

Повторно искршено детско игралиште во Кисела Вода: „Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис
