Мулен: Поблиску сме до нуклеарна војна со Северна Кореја од кога и да е
САД се поблиску до нуклеарна војна со Северна Кореја од кога и да е, објави пензионираниот адмирал и поранешен началник на ГШ на американските здружени сили Мајк Мулен.
- Ние сме во суштина, според мене, поблиску до нуклеарна војна со Северна Кореја од кога и да е. Не гледам можност тој проблем да се реши дипломатски, изјави Мулен за телевизијата Еј-Би-Си.
Тој беше шеф на Здружениот штаб за време и на стариот и младиот Буш, како и на Барак Обама.
- Тензиите на Корејскиот полуостров се пример за неверојатно опасна клима создадена од актуелниот американски претседател Доналд Трамп, изјави тој.
Во однос на надворешната политика на Трамп рече дека тој „неверојатно го наруши почитувањето кон институциите со коментари за лидерство кое бевме во изминатите 70 години“.
Според него, јасно е дека претседателот се одлучил да ја попречи и прекине каде и да е тоа можно.
Ново на Сител
-
Тема на денот со д-р Никола Пановски
-
ИЈЗ: Четворица вработени на ЗОО под надзор, еден ќе се тестира за птичји грип
-
Партиски реакции: Одговорност за Арсовска за птичјиот грип во зоолошка
-
Утре почнува вакцинацијата против сезонски грип
-
КСОМ: Газди на приватни фирми спречувале работници да влезат во синдикат
-
ДУИ не дава поддршка
-
Втората најголема градинка во Македонија ќе биде во Прилеп
-
Скрининг или рана детекција на карцином на дојка