Мудар татко на смртна постела им ја дал на синовите најважната работа
Еден татко имал седум синови и пред смртта ги собрал сите за да им каже:
- Земете сите по еден стап и обидете се да го скршите.
Секој син го скршил својот стап без мака.
- А сега, дајте ми ги тие седум стапови.
Таткото ги врзал сите седум стапови со јаже и рекол:
- Ајде сега да видам кој ќе го скрши ова!
Секој син се обидел да ги скрши седумте стапови, но ниту на еден не му успеало.
- Запомнете ја поуката, рекол таткото. - Ако бидете заедно, никој ништо нема да може да ви направи!
Таткото починал недолго потоа.
По погребот, браќата отишле во крчма.
На сите коишто им пришле, им раскажале како нивниот татко бил мудар.
Му се смачило на крчмарот и ги зел стаповите, го одврзал јажето и го скршил секој стап поединечно.
- Имам и јас една поука, рекол тој.
- Силата не е во стаповите и тоа што се еден до друг, туку во јажето што ги држи заедно.
Ново на Сител
-
Пронајдена дрога при претрес во дом на 40 годишен жител на Штип
-
Почнува есента
-
Неверојатни сцени на Вембли - Дубоа го нокаутираше Џошуа | ВИДЕО
-
Трамп смета дека е предоцна за уште едно телевизиско соочување со Харис
-
Следната недела во Њујорк самит за успорување на климатските промени
-
Про-ирански групи во Ирак презедоа одговорност за напад со беспилотно летало врз Израел
-
Сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози
-
Свежо утро, топло преку ден, температура до 28 степени