Муцунски во посета на Австралија
Во рамки на работната посета на Австралија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средби со спикерот на Парламентот на Нов Јужен Велс, Грег Пајпер.
На средбите како што информираше МНР се разговарало за одличните билатерални односи помеѓу двете земји, можностите за нивно продлабочување, како и значењето на парламентарната демократија и институционалната соработка.
Министерот Муцунски ја поздравил иницијативата што овозможува македонскиот јазик да биде дел од образовниот систем и изрази поддршка за негово натамошно унапредување.
Посебен акцент беше ставен и на значајната улога на македонската дијаспора како клучна врска помеѓу двете пријателски земји. Двете страни се согласија дека македонската заедница во Австралија има важен придонес во општествениот и културниот живот, а нејзината посветеност во зачувувањето на националниот идентитет претставува пример за успешна интеграција и меѓусебно почитување – се вели во соопштението на МНР.
Ново на Сител
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.
-
РФМ ќе одржи редовно Изборно собрание на кое ќе се бира нов претседател