Муцунски во Хаг

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ќе престојува во работна посета на Хаг, каде ќе има средба со неговиот домаќин, шефот на холандската дипломатија Каспар Велдкамп.
-Централни теми во разговорите ќе бидат напредокот, развојот и перспективите на севкупните билатерални политички и економски односи со Холандија, како и иднината на процесот на проширувањето на ЕУ, и во тој контекст, натамошната холандска поддршка на македонската европска интеграција, информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Во Хаг, министерот Муцунски заедно со директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски, пред холандски бизнисмени во Холандска агенција за претпријатија ќе ги презентираат инвестициските можности кои ги нуди нашата земја во функција на привлекување нови холандски инвестиции.
Ново на Сител
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
