Муцунски - Велдкамп: Холандија е меѓу најголемите билатерални донатори во клучни области за земјава

Унапредувањето на билатералните односи, поддршката од Холандија за европската интеграција на државата и актуелните регионални и глобални предизвици биле во фокусот на разговорот помеѓу министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Каспер Велдкамп денеска во Хаг.
На средбата, во рамки на работната посета на Муцунски на Холандија, шефот на макеоднската дипломатија изразил благодарност „за принципиелната и континуирана холандска поддршка, како и за значајниот придонес на Холандија како еден од најголемите билатерални донатори во клучни области за земјата“.
-Министерот ја нагласи цврстата посветеност на Владата кон остварување на реформските приоритети и целосната усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ. Истакната беше и важноста од сојузништвото во НАТО, при што двете страни се согласија за стратешкото значење на стабилноста на Западен Балкан, како и за пораките испратени на неодамнешниот Самит на Алијансата во Хаг. Во таа насока, беше потенциран и значајниот инпут на нашата држава во стабилноста во регионот и пошироко, со посебен акцент на миграциската криза, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Во разговорите била потврдена заедничката заложба за натамошно зајакнување на економските и трговските врски, дополнително реафирмирано и на средбата што министерот Муцунски ја имал со холандската бизнис-заедница при посетата на Холандската агенција за претпријатија.
-Министерот Велдкамп го нагласи силното пријателство помеѓу двете земји, посветеноста на европските реформи и изрази желба што поскоро да ја види Македонија како дел од европското семејство. Тој истакна дека Холандија останува силен поддржувач на проширувањето на ЕУ, нагласувајќи го принципот на напредок врз основа на конкретни резултати, на што земјата макотрпно работи, се наведува во соопштението.
Во рамки на работната посета на Хаг, министерот Муцунски, заедно со директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Гоце Димовски, пред холандски бизнисмени во Холандската агенција за претпријатија ги презентирал инвестициските можности што ги нуди нашата земја во функција на привлекување нови холандски инвестиции.
Ново на Сител
-

Почна судењето против Артан Груби и седум други лица за злоупотреби во АД „Државна лотарија“
-

Водата за пиење во Скопје безбедна и квалитетна
-

Ноќните температури во Атина синоќа достигнаа и до 33 степени
-

СПМ: Македонија не е предмет на бугарски историски диктат
-

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн
-

Европската комисија одобри 6,1 милијарда евра помош за одбраната на Украина
-

Сирија и Израел одржале разговори со посредство на САД за намалување на тензиите
-

Почнува судењето против Груби и седум други лица за злоупотреби во „Државна лотарија“
