Муцунски: Унгарија ќе испрати три противпожарни возила и воздухополови
Поддршка од Унгарија за справување со пожарите: Пристигнуваат теренски возила и воздухоплови, објави министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски на неговиот фејсбук профил.
- Во денешниот телефонски разговор, мојот унгарски колега, Петер Сијарто, ме информираше дека Унгарија ќе испрати три противпожарни возила и воздухополови, кои ќе помогнат во справување со пожарите. Помошта од Унгарија е од големо значење, напиша Муцунски.
Тој изразил голема благодарност за солидарноста и ја нагласил, како што објави, важноста на соработката меѓу нашите земји во вакви критични моменти.
- Се заблагодарив за брзата реакција и поддршката од унгарската страна, истовремено истакнувајќи дека Владата и Министерството ги користат сите расположливи механизми за побрзо справување со огнените стихии, напиша Муцунски на фејсбук.
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за Изет Меџити
-
Град Скопје најавува кривична пријава за Курто Дудуш поради дива депонија
-
На ГП "Ќафасан" албанската полиција спречи шверц на лекови
-
Помина интерпелацијата за Даути во Собранието
-
Над девет милиони шверцувани цигари откриени на атинското пристаниште Пиреас
-
Безживотно женско тело извадено од водите на Вардар
-
Захарова: Зеленски се покажа како крволочно чудовиште
-
Кремљ: Путин е подготвен за разговори со Трамп