Муцунски се сретна со унгарскиот амбасадор Клаин
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска се сретна со амбасадорот на Унгарија, Андраш Клаин.
-Муцунски упати честитки за преземањето на претседавањето со Советот на ЕУ од страна на Унгарија, изразувајќи задоволство што политиката на проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан ќе биде меѓу приоритетните цели. Беше изразено заемно очекување за напредок на земјава на евроинтегративниот пат за време на унгарското претседавање, како и заложба за соработка меѓу двете земји во таа насока, информираат од МНР.
На средбата, министерот Муцунски истакнал дека во годината кога со Унгарија одбележуваме значаен јубилеј - 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи ќе продолжат заложбите за зајакнување на соработката и партнерството.
Двете страни, се осврнале и на соработката во рамки на НАТО, нагласувајќи го заемниот придонес за зачувувањето на целокупната трансатлантска стабилност. Соговорниците размениле мислења и за регионалните случувања, како и за актуелните надворешно – политички теми.
Ново на Сител
-
Честитка од Свештената бигорска обител до Архиепископот г.г. Стефан, по повод 25-годишнината од востоличувањето
-
Три млади лица загинаа во сообраќајна несреќа на патот Гњилане - Приштина
-
Деветнаесетгодишно момче е рането во синоќешното пукање во Чаир
-
Пронајдена дрога при претрес во Кавадарци
-
Тешко повредени двајца малолетници во сообраќајка со мопеди
-
Флорида прогласи вонредна состојба во 35 окрузи поради заканата од тропската бура Милтон
-
Стармер изрази загриженост поради „одвратната омраза“ кон Евреите и муслиманите од 7 октомври 2023
-
Попко: Украинската ПВО одби нов напад на руските дронови врз Киев