Муцунски по состанокот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Уставни измени под диктат не смее да има
ВМРО-ДПМНЕ на седница на Извршниот комитет што се одржа утрово донесе одлука да го овласти претседателот на партијата Христијан Мицкоски да не се прифатат уставни измени под, како што велат од партијата, диктат.
-Уставни измени под диктат не смее да има. Носење на уставни измени кога е нападнат националниот идентитет на македонскиот народ, и се оспорува јазикот историјата и културата не е никаков чекор напред. ИК на ВМРО-ДПМНЕ во името на огромно мнозинство граѓани бара фер шанса иста како што ја имаат останатите држави кога пристапуваат кон ЕУ, изјави потпретседателот на партијата Тимчо Муцунски.
Средбата на премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски за уставните измени ќе се одржи во 11 часот во Клуб на пратеници, а ќе се разговара за иднината на земјата во контекст на евроинтеграциите условени со уставни измени и вклучување на Бугарите во Преамбулата.
Ново на Сител
-

Скопје одбројува до Новата година
-

Прилеп се подготвува за новогодишниот дочек
-

Новогодишна атмосфера во Струмица
-

Специјален новогодишен Дневник на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв
