Муцунски оствари работна средба со високи претставници на Стејт департментот
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави. Во рамки на посетата тој оствари работна средба со високи претставници на Стејт департментот.
Во рамките на средбата со Стивен Џи, Директор во Директоратот за Јужно - Централна Европа и Бенсон Сивек, офицер кој е одговорен за Македонија, беа потврдени одличните билатерални односи помеѓу нашата држава и САД кои неопходно е во иднина да продолжат да се надградуваат во духот на стратешкото партнерство помеѓу двете земји.
Муцунски уште еднаш ја потврди заложбата на ВМРО-ДПМНЕ за итни и темелни реформи во правосудниот систем, но и забрзан економски развој кои ќе бидат одговор на високото ниво на криминал и корупција и тешката економска состојба во државата.
Во рамки на посетата на САД, Муцунски во следните неколку денови ќе оствари средби со членови на Конгресот, високи претставници на меѓународните организации и ќе присуствува на Националниот молитвен појадок кој ќе се одржи утре во Вашингтон.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на архивите - 9 јуни
-
Министерот Муцунски во работна посета на Казахстан
-
Победа на локални избори во два српски града прогласија и Вучиќ и опозицијата, изборните комисии засега без резултати од гласањето
-
Сончево, попладне пороен дожд и грмежи
-
АМСМ: Нема подолги задржувања на граничните премини, сообраќајот се одвива непречено
-
СДСМ: Загрижува омразата на Мицкоски
-
Зеленски: САД пренасочија 20.000 ракети ветени за Украина кон Блискиот Исток
-
Фицо: Словачка ќе го блокира секој обид за воведување санкции од ЕУ кон Русија