-->
-->
Муцунски: Местото на градоначалникот е помеѓу граѓаните, почнува работна акција за чист и зелен Аеродром
-->
Почнува работна акција за чист и зелен Аеродром!, најави новиот градоначалник на Аеродром, Тимчо Муцунски
-Денеска имав средба и работна акција со сезонските работници. Целта е во наредниот период да се интензивира работењето на овие работници за Аеродром повторно да го добие сјајот на чиста и зелена општина.
Со сезонските работници денеска излеговме на терен каде имавме работен состанок и веднаш се фативме за работа. Во нашата програма ветивме дека Аеродром ќе биде почист и зелен, а со овие прекрасни луѓе верувам дека ќе го постигнеме тоа. Во наредниот период сезонските работници ќе се грижат за зеленилото за тревниците и дрвјата во Аеродром на редовна основа, ќе се грижат за хигиената на јавните површини во општината, како и училиштата и градинките.
Одржувањето на хигиената во општина Аеродром е наш приоритет, бидејќи сите вие заслужувате да живеете во една хумана средина. Местото на градоначалникот и советниците е помеѓу граѓаните. Започнуваме со решавање на проблемите на граѓаните, целиме кон чист и зелен Аеродром – објави на Фејсбук, Муцунски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада
-
Две лица се повредени во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера